ПОЧЕТНА / БЛОГ / ИЗБОР НА ХОСТИНГ

Како да изберете веб хостинг

7 прашања што вреди да ги поставите пред да купите.

Хостингот влијае на брзината и достапноста на вашата страница, а со тоа и на тоа како ја доживуваат посетителите. Пред да изберете пакет, поминете низ оваа листа на прашања.

1. Каков сајт имате?

Мала презентација со неколку страници има други потреби од онлајн продавница или сајт со многу посетители. Најпрво определете колку страници, слики и посетители очекувате, па изберете пакет според тоа — не потценувајте, но и не плаќајте за ресурси што нема да ги користите.

2. Брзина на дискот и серверот

NVMe дисковите се значително побрзи од класичните. VAMAS хостингот користи NVMe складирање на сервери во европски дата центри, што е релевантно за корисници од Македонија и регионот.

3. Безбедност и резервни копии

  • SSL сертификат — HTTPS треба да е стандард; кај VAMAS е бесплатен и се обновува автоматски.
  • Дневни резервни копии — ако нешто тргне наопаку, враќате претходна верзија.
  • Заштита од напади — прашајте што е вклучено во пакетот.

4. Е-пошта на вашиот домен

Проверете дали е-поштата е вклучена и колку сандачиња можете да имате. Секој VAMAS пакет вклучува деловна е-пошта.

5. Поддршка на јазик што го разбирате

Кога сајтот не работи, важно е да добиете брз одговор. VAMAS нуди поддршка 24/7 на македонски и англиски на [email protected].

6. Цена — гледајте ја целата слика

Прашајте колку чини пакетот при обновување, а не само првата година, и што е вклучено. Моментално VAMAS пакетите се Starter (990 ден/год), Business (1.990 ден/год) и Pro (2.990 ден/год) — актуелните цени и содржината на секој пакет секогаш погледнете ги на страницата за хостинг.

7. Може ли да се префрлите лесно?

Ако веќе имате сајт на друго место, прашајте дали миграцијата е вклучена. Кај нас ја правиме без прекин на сајтот и без губење е-пошта.

VAMAS

Не сте сигурни кој пакет ви одговара? Пишете ни и ќе препорачаме според вашиот сајт. Контакт →